Директорот на Центарот за управување со кризи, оствари координативна средба со претставници меѓународни и невладини организации кои беа вклучени во справувањето со мигрантската криза.          

На состанокот се дискутираше за активностите кои досега се одвиваа во двата прифатно-транзитни центри  Винојуг и Табановце.

На средбата, директорот на Центарот за управување со кризи им додели благодарници на претставниците од меѓународните и невладините организации  за досегашната успешна соработка и партнерство за време на кризната состојба со мигрантите.