На ден 30.11.2018 година, во просторите на ЕЛС Дебар, се одржа редовна седница на Регионалниот штаб на ПО РЦУК-Дебар во проширен состав со преставници од Субјектите во системот за управување со кризи надлежни за териториите на општина Дебар и Центар Жупа.

Седницата се одржа по следниов дневен ред 1. Подготовки за престојната зимска сезона и подготвеност на субјектите на СУК надлежни за справување со настанати ризици и опасности од поплави, снежни врнежи и наноси, појава на свеличшта и одродони на патните правци согласно оперативните планови за заштита и делување.

На седницата се денесени следните заклучоци. 

  1. Се задолжуваат сите субјекти учесници во СУК за навремено доставување на податоци за настани и појави за време на зимскиот период.
  2. Се укажува на надлежните служби да се внимава на чистење на сливниците за вода покрај  локалните и регионалните патишта, како не би дошло до излевање на водите  во случај на поголеми врнежи од дожд и снег по самите  патишта.
  3. Се укажува на ЕЛС посебно да се внимава на сите критични точки на нивните подрачја, согласно планот за заштита и спасување  и  законот за води, чистење на речните канали и отстранување на разни препреки од дрва и друг нанос.
  4. Се укажува на субјектите во СУК  од потребата на користење на бесплатниот телефонски број за итни повици 195.