На 26.11.2018 год. во Центарот за култура „Ацо Караманов“, беше реализирана промоција на Проектот за градење на капацитети за еко – системско базирано намалување на ризиците од катастрофи (Еко–ДРР) преку одржливо стопанисување на шумите. Во овој проект, кој се реализира преку Балканската канцеларија на меѓународната агенција за развој и соработка од JICA од Јапонија а во соработка со Центарот за управување со кризи и Јавното претпријатие „Македонски шуми“, општина Радовиш е избрана како пилот-општина во која ќе се реализира истиот. На промоцијата присуствуваа претставникот на Балканската канцеларија на JICA, Г-дин Хидеја Кобајаши, Генералниот Директор на ЈП „Македонски Шуми“, Г-дин Зоран Ѓоргиев, Директорот на Центарот за управување со кризи, Г-дин Агрон Буџаку како и координаторите на проектот ЕКО-ДРР, Г-дин Тору Инада и Г-дин Стефко Стефановски.
Во своето обраќање Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов кој истакна дека, за жал општина Радовиш во изминатата декада беше соочена со низа последици од елементарни непогоди, и токму тоа е причината што општина Радовиш е избрана како пилот-општина за имплементација на ЕКО-ДРР проектот. Потоа, своја презентација имаа и директорите на ЦУК, и на ЈП „Македонски шуми“, по што од страна на координаторите на проектот следуваше негова целосна презентација. Крајниот резултат од овој проект ќе биде изграден капацитет за намалување на ерозијата и количини на наносен материјал во речното корито на Радовишка река, а предвидено е, во Радовиш проектот да се реализира до 2022 година. По завршувањето на проектните активности, крајни корисници за превземање на обврските ќе бидат Центарот за управување со кризи и ЈП „Македонски Шуми“.