На ден 23.11.2018 год. се одржа 41-та вонредна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево. Покрај членовите на штабот на седницата присуствуваа и претставници на ЈП Македонија пат – секција Кичево, ТППЕ Кичево и ЕВН Македонија - КЕЦ Кичево.
Со седницата раководеше Раководителот на РШ на РЦУК Кичево, Сузана Тасевска и отвори дискусија за состојбата и можностите за справување со интензивни врнежи од дожд и снег на надлежните институции. Таа ги информира присутните дека овој период во соработка со ОО Црвен Крст и ЈЗУ Здраствен Дом изврши посета на повеќе населени места кои се наоѓаат на повисока надморска висина. Досега ги посети села: Бачишта, Грешница, Лешница, Црско, Козичино, Белица, Видрани и Прострање. На состаноците со месното население се констатираа нивните потреби и се извршија лекарски прегледи.
Раководителот на ДЗС ПО Кичево не извести дека нивна екипа извршила обиколка на критичните точки кои во минатото најчесто се поплавувале земјиштето и објектите.
Директорот на ЈП Македонија пат – секција Кичево ја образложи зимската програма за чистење, односно Акциониот план за зимско одржување на регионални и локални патишта.
Претставникот на Општина Кичево истакна дека завршена е постапката за избор на оператори за зимско одржување на патиштата. Бидејќи оваа година има повеќе финансии за оваа намена Општина Кичево не очекува поголеми проблеми и е подготвена за оваа зимска сезона.
Претставникот на ПС Кичево ја потенцира соработката со операторите кои се ангажирани за чистење на снег, но предлага повеќе да се обврни внимание на чистење на тротоарите.
Претставникот на ЕВН Македонија – КЕЦ Кичево поучен од минатото смета дека посебна е важна соработката со надлежните субјекти кога има потреба од интервенција за поправка на мрежата. Населението треба да има трпение бидејќи трасата на далеководите е многу недостапна кога има обилни врнежи од снег.
Претседателот на ОО Црвен Крст Кичево повторно ги става на располагање ресурсите на Црвен кст Кичево доколку има потреба од нив.
Преставникот на ЈЗУ Здраствен Дом Кичево е задоволна од соработката со РЦУК Кичево кои изнајдуваат можности за помош на Итната медицинска помош при изведување на нивните акции во услови на снег.