На ден 22.11.2018 година Регионалниот центар за управување со кризи-Струмица заедно со ОО Црвен Крст -Струмица, Територијалната против пожарна единица - Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување - Струмица , Секторот за Bнатрешни работи - Струмица и Итната медицинска помош- Струмица  реализираа показни вежби за евакуација во случај на земјотрес  во  ООУ „Видое Подгорец“ с.Колешино и ООУ “Мануш Турновски“ с. Ново Село .

Истиот ден се изврши и  евакуација  на  вработените од Општинската зграда на Oпштина Ново Село  од елементарна непогода - земјотрес.

Согласно сценариото пред Општинската зграда  се симулираше и сообраќајна несреќа на која волонтери на Црвен крст обучени за давање прва помош  демонстираа извлекување на повредените од автомобилот заедно со вработените од ТППЕ  и укажување на прва помош на повредени лица.
Целта на овие вежби е да го свртиме вниманието кон поодговорно управување со автомобилите во тој дел на магистралниот пат, како и кон сите општествени чинители кои се грижат за нашата безбедност  и укажување на постапката за безбедна евакуација на  учениците  и наставниот кадар во случај на земјотрес, како и правилно пружање на прва медицинска помош на ученици  од  волонтери на црвен крст  од истоимените  училишта.