Во домот на АРМ во Скопје. денес и утре се одржува симулирана штабна вежба за националната стратегија на Македонија за борбата против оружје за масовно уништување (ОМУ) ТОКСИЧЕН ШТИТ – 2018. Целта на симулацискате вежба е да ја процени и да ја потврди ефикасноста на стратегијата на Македонија за борба против ОМУ и нејзините составни компоненти.

 

Во својот говор по повод отварањето на вежбата, директорот на ЦУК м-р Агрон Буџаку, изразувајќи ја својата благодарност во името на Владата на Р. Македонија меѓудругото истакна:

 

„Кога станува збор за “Стратегијата за справување со пролфиерација на оружје за масовно уништување и заштита од ХБРН закани”, можеби ние денес ќе немавме прилика да зборуваме на оваа тема и помалку да организираме Симулирана вежба за евалуација на истата, доколку Р. Македонија не беше вклучена во Програмата за регионална поврзаност во спречување на пролиферација на ОМУ која се реализира на иницијатива на Центарот за регионална безбедносна соработка - РАКВИАК, а финансиски и експертски беше поддржана од страна на Командата на Армијата на САД за Европа (US EUCOM) и Агенцијата за одбрана и редукција на закани (DTRA-Defense Threat Reduction Agency), исто така од САД.
 

 

Укажувајќи дека „современата цивилизација се соочува и со големи предизвици и ризици, кои длабоко навлегуваат во зоната на асиметричност, непредвидливост и располагаат со извонредно голем потенцијал за загрозување на животот и здравјето на луѓето, животната средина, материјалните, културните и други богатства и вредности.“, директорот на ЦУК ќе посочи дека „заради сериозната комплексност на современите безбедносни предизвици, неопходна е соработката помеѓу сите одговорни чинители, како на национално, така на регионално и глобално ниво.“

 

На крај од своето обраќање директорот м-р А. Буџаку на учесниците им посака „успешна реализација на поставените цели со оваа Симулирана вежба, успешно споделување на искуства и знаења со претставниците на тимот од САД, како и нотифицирање на сите работи кои дополнително треба да се вклучат или усогласат во рамките на Акцискиот план за имплементација на Стратегијата!“

 

Инаку, со прифаќањето и развивањето на меѓународните документи и обврски, Република Македонија потврдува дека е одговорен член на Обединетите нации и во континуитет придонесува во имплементацијата на  фундаменталните принципи за мир, стабилност и безбедносна соработка во светот.