IPA CBC проект - „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор“, “J-CROSS

 

Центарот за управување со кризи на ден 22.10.2018 година во Флорина, Р. Грција како партнер во проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор“, “J-CROSS” зеде учество на иницијален состанок со цел започнување на планираните активности предвидени во  проектната програма. Состанокот воедно се искористи како можност за дискутирање на сите отворени прашања по однос на активностите кои престојат се со цел успешна имплементација на проектот.

Проектот е добиен во рамки на ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020 година (IPA Cross Border Cooperation) , каде покрај Центарот за управување со кризи, вклучени се следните институции од Р. Македонија и Р. Грција:

  • Регион на Запанда Македонија – главен носител на пректот (Р.Грција);
  • Центар за развој на Пелагониски плански регион (Р.Македонија);
  • Универзитет „ Аристотел “ – Солун (Р.Грција);
  • Национална Техничка Опсерваторија – Атина (Р.Грција).

Главна цел на проектот е, намалување на ризиците од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор во регионите на Западна Македонија и Пелагонија.

Период на реализација, 04.07.2018 – 03.01.2020.