Од 25 до 27. 06. 2018 година, претставник на Центарот за управување со кризи на Република Македонија, Душко Петровски учествуваше на работилницата „Управување со поплави“, која се одржа во Тирана, Република Албанија. Истата беше посветена на намалување на ризици од поплави на течение на р. Црн Дрим - Дримскиот басен. На последниот ден од работилницата беше и директорот Агрон Буџаку, кој оствари средба и работен состанок со одговорниот регионален проект менаџер од ГИЗ г-динот Gerrit Bodenbender, како и размена на мислења за можните наредни активности и реализација на овој проект.
На работилницата одржана во рамките на мултилатерална соработка на земјите од регионот, учествуваа претставници од Р. Македонија, Р. Албанија, Р. Косово и Р. Црна Гора, а целта беше подобрување на меѓусебната и меѓуграничната соработка на полето на управување со состојби и можни поплави предизвикани од р.Дрим и сите нејзини притоки од Р.Албанија, каде извира оваа река до нејзиното вливање во Јадранското Море во Р.Црна Гора.
Истовремено, на работилницата кој ја водеше експертот Peter Heiland, учесниците беа запознати со EU-Floods Directive (FD), обезбедување на заедничка соработка помеѓу сите земји од Дримскиот регион. Самата директива има за цел да даде осврт кон намалувањето на штетните влијанија и последици од појавата на поплави предизвикани од различните фактори. Исто така беше разговарано за имплементација на оваа Европска директива од страна на сите засегнати земји. Беше разговарано за потребата од изработката на план за управувањето со ризици и пополави Plan Flood Risk Assesment (PFRA).
Во текот на работилницата беа разгледани можностите за зајакнување на соработката помеѓу сите овие земји во сите три фази: фазата на превенција и превентивни активности кои треба да се преземат од страна на сите засегнати земји, фазата на раното предупредување, фазата на управување со настанати опасности поплави како и фазата на надминување на последиците и меѓусебна помош на засегнатите земји.