На 4 и 5 Јуни  во Хотел „Сириус“ се одржа  работна средба со  членови од повеќе релевантни  институции  и која  претставува еден вид на подготовка за формирање на  Совет за управување со сливот на река Струмица во рамките на Проектот - Управување со сливот на река Струмица, Овој проект се спроведува  од 2014 година па наваму преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион  со  финансиска и техничка поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, како и  партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините низ кој минува сливот на реката Струмица (Конче, Радовиш, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово).

                Главната цел    на овој проект е долгорочно да го подобри управувањето со водите во рамките на овој исклучителено ранлив  еко систем -сливот на река Струмица, кој ја опфаќа територијата на шесте општини и кои преку спроведување на серија  мерки на ниво на сливно подрачје   да се подобри квалитетот на водите во сливното подрачје, но и да се минимизираат оние ризици  по населението, економските добра од поплавите, сушите и другите штетни ефекти поврзани со водните ресурси.

                На оваа работилница и претходеа низа работилници во кои беа  идентификувани главните предизвици  на управувањето со водите,  целите и очекуваните резултати од проектот, новините во управувањето со водите кај нас, како и современите техники за стратегиско планирање во областа на водите. 

                Во рамките на овој проект во  изминатиот период  направени се сеопфатни истражувања,  анализи, модели и Планови   кои беа презентирани по следните   теми:

 - Преглед на постојната, националното и европското законодавство што го регулира управувањето со речните сливови и улогата на Советите;

- Презентација и дискусија по однос на нацрт Планот  за управување со сливот на реката Струмица;

-Презентација и дискусија по односна нацрт Планот за управување со ризик од поплави.

- Презентација на моделите за управување со поголемите акумулации во рамките на сливот на река Струмица (Турија и Водоча) заради одбрана од поплави и други намени;

- Резултатите од мониторингот на водите во сливот на река Струмица (хидрологија и  квалитет)

  - Преглед на клучните активности и досегашни резултати на Проектот за управување со  сливот на река Струмица.