На ден 10.05.2018 година во Регионалниот центар за управување со кризи – Прилеп (РЦУК Прилеп), се одржа редовен работен координативен состанок со Штабот и претставници од субјекти од Системот за управување со кризи.
На состанокот со кој раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп, Илко Петкоски, беа разгледани следните точки од дневниот ред: Анализа на настанати опасности во изминатиот период со посебен осврт на поплавите и причинетите штети од истите; Разгледување – проценување на евентуални ризици и опасности кои би можеле да настанат во наредниот период; и подготвеност на надлежните субјекти и начин на нивно функционирање во евентуална опасност од ризици и опасности.
По кратките брифирања на претставнците од субјектите за превземени превентивни мерки и плановите за дејствување во случај на настаната кризна состојба и дискусијата која се разви од различните области, беше заклучено дека во периодот помеѓу месец Ноември 2017 год. и месец Мај 2018 година, во зоната на одговорност на ПО РЦУК Прилеп немаше регистрирано настани со вонреден карактер од поголем обем.