На 26.04.2018 година се одржа 39 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи - Кичево. Покрај членовите на Регионалниот штаб на седницата присуствуваа и претставници од ТППЕ Кичево, ЈП Македонски шуми подружница ШС Лопушник Кичево, Општинскиот противпожарен сојуз Кичево и добовлните противпожарни друштва кои функционираат на подрачјето на општината Кичево.

Седницата се одржа со цел рано предупредување, справување и спречување на појавата на пожари.

Раководителот Сузана Тасевска истакна дека треба да се продолжи досегашната практика на организирање на трибини за превенција, справување и заштита од шумски пожари. На тие трибини да се вклучат сите интитуции и организации на територијата на општина Кичево.

Горан Соколески, претседател на општинскиот противопожарен сојуз Кичево рече дека во рамките на превентивните активности за заштита од пожари ОППС организира квиз натпревари, едукативни настави и дистрибуира пропаганден материјал. Во соработка на ОППС, ДПД Стрелци Гарани и ТППЕ Кичево спроведена е презентација на противпожарна опрема во дворот на ОУ Милто Гура во село Стрелци, каде што на учениците им беше претставена стандардната опрема што ја има едно противпожарно  возило.

Емин Зејно, претседател на Црвен Крст - Кичево ја истакна одличната соработка со РЦУК Кичево и смета дека најдобра пракса е спроведувањето на тактичко показни вежби, како оние спроведени во ОСУ Мирко Милески и ОУ Санде Штерјоски.