Во периодот 27.03-28.03.2018 во Хотел Holiday Inn во Скопје се одржува работилница во рамките на проектот “IPA-DRAM (Disaster Risk Assessment and Mapping”), кој се реализира со поддршка на Европската Комисија, во која ЦУК учествува со свои претставници.
Основните компоненти на проектот се однесуваат на следните активности:
1) Процена на штети (загуби) од катастрофи,
2) Процена на ризици и
3) Мапирање на ризици и воспоставување на регионален електронски атлас на ризици (ERRA)
Крајната цел на проектот е насочена кон зајакнување на националните и регионалните капацитети во предвидените области, утврдување на националните и регионалните профили на ризици и добивање на ” Национален профил на ризици за Република Македонија”.
Во Планот на активности, предвидува поддршка од страна на проектот во изработка на процени за три категории на ризици, и тоа: земјотрес, поплава и пожари. Заради стручна и компететна соработка, на работилницата покрај претставниците од ЦУК учество земаа претставници од институции и установи од Република Македонија кои ги покриваат наведените ризици и тоа: МЗШВ, МЖСПП, МТВ, МЛС, МФ,МЕ, ЗЕЛС, УКИМ, ИЗИИС, ДЗС.