Советникот од балканската канцеларија на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) од Белград, г-дин Нишида Мотојуки како координатор на тимот за евалуација на „Проектот за воспоставување на интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари“ (МКФФИС), денес го посети РЦУК Кичево и изврши евалуација на досегашното спроведување на МКФФИС системот од страна на РЦУК Кичево, ПО ДЗС Кичево и ЈП МШ подружница ШС Лопушник.