Во Битолски регион, патниот правец помеѓу селата Вирово и Боиште кој беше оштетен од излевање на реките Боишка и Цероска се уште не е саниран. Се работи за земјен пат кој после оштетувањата е непрооден со моторни возила. Водостојот на р.Црна се намалува, се уште има излевања и поплавени земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света. Нивото на Река Црна има тенденција на опаѓање. И останатите водотеци во регионот бележат опаѓање. Во Тетовски регион, состојбата со излеаните води од с.Џепчиште кон с.Требош, со помош на механизација, е регулирана. Во општината Јегуновце нивото на реката Вардар е сеуште на максимално ниво, дека поплавените површини се сеуште под вода и дека има и поплавено подруми и локални улици во селата Раотинце, Копанце, Туденце и Сириќино. Од страна на општината ќе биде формирана општинска комисија за проценка на штетите од поплавите. Во текот на вчерашниот ден вработени од РЦУК Тетово, од ЕЛС Боговиње и претставници од ДЗС Тетово, беа на лице место во с.Пирок - ЕЛС Боговиње. Од вчерашното напукнување и свлечиште на земјиште, оштетена е една семејна куќа, каде има навлезено вода во подрумските простории и има напукнат зид од куќата. Од напукнувањето и поплавувањето, оштетена е и водоводната инсталација и се работело на санирање на дефектот. Во општина Гостивар, нивото на водата од река Вардар во с.Форино сеуште е критично. Во текот на вчерашниот ден се поставувале вреќи со песок во с.Мало Турчане и во с.Речане. Охридски регион Како последица на врнежите од дожд и топење на снегот и зголеменото ниво на реката Вапилска, дел од патот од село Вапила кон село Сирула е поткопан. Известена е локалната самоуправа на Охрид. Од жители од с.Скребатно добиена е информација дека на локалниот пат с.Лескоец - с.Скребатно има одрони. Известена е локалната самоуправа. Во општините Македонски Брод и Пласница нивото на реката Треска е со тенденција за намалување.