Состојба по излевање на реките до 14:00 часот 07.3.2018
Скопски регион Во текот на вчерашниот ден дојдено до излевање на реката Вардар во општина Аеродром (мостот спрема Јурумлери) и во општина Зелениково (места викани Вител, Чука и Средоред). Битолски регион Во општините Битола, Могила и Новаци, има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини.Во општина Крушево, во атарот на с.Бучин, нивото на река Црна е со тенденција на опаѓање. По текот на реката од с.Света кон с.Бучин, сеуште има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.Во општина Демир Хисар, водостојот на р.Црна е висок. Има излевања и поплавени се земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света.
Охридски регион Во општина Дебарца, во м.в.Сливовски Анови има поплавување на мали земјоделски површини и дворни места од викендички од акумулирани површински води кои се задржуваат поради самата кофигурација на теренот.Во општина Дебар, патниот правец за с.Рајчица не е прооден поради оштетување на патот од настанато свлечиште.Во општина Македонски Брод, реката Треска во моментот е излеана на повеќе места од нејзиното корито и поплавени се земјоделски површини и ливади во атарите на селата Лисичани и Пласница, како и земјоделски површини, овошни насади и ливади во атарите на селата Сувидол, Девич, Манастирец и Модриште.Во општина Кичево, како последица од врнежите од дожд од предходните денови и топењето од снег, има појава на заезерување на одредени места како и извирање на подземни води на одредени делови кои што предизвикуваат поплавување претежно на подрумски простории. Од ТППЕ Кичево во текот на вчерашниот ден интервенирано е за испумпување на вода во зграда на ул.Булевар Ослободување. Тетовски регионВо врска со истекувањето на води од каналот кој поминува низ селото Мала Речица, денес на терен се ангажирани еден багер и камион кои што работат на остранување на нанесениот материјал. На патот за месноста Бањиче има одрон од земја која ќе биде исчистена во текот на денот.Во општина Боговиње, одронот во должина од 5 метри на патот за с.Ново село не е сеуште исчистен, но има алтернативен пат за поминување до селото.Во општина Гостивар, нивото на реката Вардар во с.Форино е на критично ниво и истите бараат од ЕЛЕМ Гостивар и денес да биде намаленo производсвото од електрична енергија.Во општина Врапчиште, има излевање на реката Поточан помеѓу с.Градец и с.Сенокос, при што поплавени се земјоделски површини и фарма со овци.
- Детали
- Посети: 1316