Скопски регион

Во текот на вчерашниот ден дојде до излевање на реката Вардар во општина Аеродром (мостот спрема Јурумлери) и во општина Зелениково (места викани Вител, Чука и Средоред).

 

Битолски регион

Во општините Битола, Могила и Новаци, има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини, кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување, бидејќи класично излевање на водотеци нема.

Во општина Крушево, по текот на река Црна од с.Света кон с.Бучин има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.

Во општина Демир Хисар има излевања и поплавени се земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света.

 

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион не се бележат нови излевања. Водата од веќе излеаните површини се повлекува. Во општина Боговиње, на патот за с.Ново Село има одрон во должина од 5 метри и се очекува со чистење да се почне денес.

Нивото на водата од река Вардар во с.Форино е малку намалена и истите бараат од ЕЛЕМ Гостивар и денеска да биде намалено производсвото од електрична енергија, заради тоа што има некои земјоделски површини што се поплавени од вода.

Во  општина Маврово и Ростуше над село Жировница, делумно е почнато да се лизга земјиштето  и постои опасност клизиштето да се зголеми.

 

Охридски регион

Во општините Охрид, Дебарца и Кичево состојбата се нормализира.

Во општините Македонски Брод и Пласница поради сеуште високиот водостој на река Треска, на повеќе места има излевање на истата при што се поплавени земјоделски површини, ливади и овошни насади.