Скопски регион

Излевање на реката Вардар има во општина Аеродром (мостот спрема Јурумлери), и во општина Зелениково (места викани Вител, Чука и Средоред).

 

Битолски регион

Во општините Битола, Могила и Новаци, има заезерено 7 – 10 хектари земјоделски површини кои се појавени како резултат на нефункционалноста на терцијалната мрежа за одводнување.

Во општина Крушево, во атарот на с.Бучин,  по текот на реката Црна од с.Света кон с.Бучин има излевање и поплавување на ливади во должина од околу 3 км и ширина од околу 50 метри низводно.

Во општина Демир Хисар река Црна има излевања каде поплавени се земјоделски површини на потегот од с.Доленци до с.Света.

 

Дебарски регион

Во општина Дебар, патниот правец за с.Рајчица не е прооден поради оштетување на патот од настанато свлечиште.

 

Регион Македонски Брод

Во општина Македонски Брод, Реката Треска во моментот е излеана на повеќе места од нејзиното корито и поплавени се земјоделски површини и ливади во атарите на селата Лисичани и Пласница, како и земјоделски површини, овошни насади и ливади во атарите на селата Сувидол, Девич, Манастирец и Модриште.

 

Струшки регион

Во општина Струга, состојбата со свлечиштето кое се појави во близина на здравствен дом Вевчани се следи, нема опасност свлечиштето да направи штети на објекти.

 

Велешки регион   

На подрачјето на општина Велес нивото на реката Вардар е на критично ниво. Нај критично е во месноста Речани, за таа цел обезбедени се вреќи со песок и постојан мониторинг.

На подрачјето на општина Чашка, реката Бабуна е излеана во атарот на с.Долно Врановци. Излеаната вода се движи по патот кој води кон селото, при што е попречен сообраќајот.

 

Тетовски регион

Во општина Боговиње, има одрон во должина од 5 метри на патот за с.Ново село и патниот правец не е прооден.

Во општина Гостивар, нивото на реката Вардар во с.Форино е малку намалено, а од ЕЛЕМ Гостивар е побарано да биде намалено производсвото на електрична енергија.