Скопски регион
Во Општина Чучер Сандево патните правци кои водат кон селата Танушевци, Брест и Малино, се непроодни и истите немаат електрична енергија.
Прилепски регион
Во општина Прилеп регионалниот пат Прилеп-Витолиште е прооден со зимска опрема.
Во општина Демир Хисар непроодни се локалните патни правци за населените места Големо Илино, Мало Илино, Зашле, Велмевци и Радово .
Прекин во напојувањето со електрична енергија има во населените места Мало Илино, Големо Илино и Железнец. Екипи од ЕВН работат на отстранување на дефектот.
Кичевски регион
Во општина Кичево моментално непроодни се планинските села Патеец, Козичини, Јудово, Ехлоец, Иванчишта, Душегубица, Малкоец, Кнежино и Осој.
Од ЕВН информираат дека поради проблеми со наврнатиот снег без електрична енергија се селата; Белица, Брждани, Свињишта, Козица и Кладник.
Струшки регион
Во општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија односно патниот правец од с.Присовјани до хидроцентрала Глобочица и патниот правец с.Боровец-с.Јабланица.
Велешки регион
На подрачјето на општина Чашка сообраќајот се одвива отежнато со користење на зимска опрема, освен локалниот пат с.Богомила-с.Нежилово-с.Ореше кој е непрооден и со користење на зимска опрема. Се превземаат активности за расчистување на снегот налокалниот пат с. Дреново-Долно и Горно Јаболчиште.
Во општините Свети Николе и Лозово, не се проодни патните правци кон селата Трстеник, Малино, Крушица и Алакинци.
Штипски регион
Во општина Штип и Карбинци, во мометот непроодни се патиштата према ридско планинските села Шашаварлија, Брест, Горачино, Танатарци, Пухче и Љуботен.
Кумановски регион
Во општина Куманово патот за Арбанашко сеуште не е расчистен, расчистено е до с.Жегљане.
Во општина Липково, патните кои гравитират кон планинските села за Алишевце,Гошинце се непроодни.
Во општина Крива Паланка,
- Регионален пат Крива Паланка- с. Огут е проден само со теренско возило.
- Регионален пат Крива Паланка- с. Луке е прооден во зимски услови.
-Локалниот пат с.Дурачка Река место викано Метов – с. Дренак е непрооден.
- Регионалниот патен правец Ранковце -с.Герман е проден само со теренско возило.
Гостиварски регион
Во општина Маврово – Ростуше, патиштата од Долна и Горна Река се проодни, а патниот правец кон с.Галичник е непрооден.
Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрани за тешки товарни возила се уште се на сила на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Дебар-Струга и на планинскиот премин Пресека.