На 15.02.2018 година појавено е свлечиште во селото Долно Косоврасти. На местото на настанот беше излезена екипа составена од преставници на МЗ Долно Косоврасти, ЕЛС Дебар, ДЗС и РЦУК Дебар. При увидот беше констатирано дека на дел од локалната селска улица на местото викано Шабановци, има појава на свлечиште при што е срушен потпорниот ѕид и оштетена улицата во должина од 10 – 15 метри. Исто така е констатирано дека самото свлечиште е резултат на подземните води кои се покачени по послените обилни врнежи од дожд, а кои истекуваат на површината над самата локација и подолу од местото каде на станато свлечиштето. Имајќи предвид состојба на теренот се предлага надлежните органи да се преземат итни мерки за одводнување на површинските води со дренажа и нивно насочување кон природниот водотек (Елица), за да не се појави поголемо свлечиште.
- Посети: 50