По повод одбележувањето на 12 години од формирањето на Центарот за управување со кризи во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Кичево се реализира уште една успешна aкција за дарување на крв. Акцијата се спроведе во организација на ПО РЦУК Кичево во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево и беше отворена за сите граѓани кои сакаат да помогнат да се спаси нечиј човечки живот.
Во акцијата за доброволно дарување покрај вработени од РЦУК Кичево, се вклучија и голем број солидарни граѓани.