Директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку, денес беше во работна посета на РЦУК Неготино. На состанок одржан со вработените беа разгледани преземените мерки и активности во рамките на СУК и соработката со другите институции на локално ниво. Исто така, беа разгледани и потребите од зголемување на човечките и техничките капацитети во РЦУК Неготино.