Информација за пожарите во Р.Македонија и состојба до 12:00 часот (26.08.2017)
Пелагониски плански регион
Пожарот кај с.Дабница, сеуште е активен и проширен на повеќе места. Зафатена е сува трева смрека и леска. Од рано утрово на терен интервенираат екипите на ТППЕ Прилеп, ШС „Црн бор“ – Прилеп, ЈП Водовод, ЈП Комуналец, Мермерен комбинат – Прилеп, АРМ и месно население. Поради непристапниот терен отежнато е гасењето на истиот.. Со градежни машини – булдожери во шумско стопанската единица „Дервен – Никодин“, во близина на вештачкото езеро Прилеп се прават проширувања на патот и пресеки со цел да се спречи проширување на пожарот во квалитетна шума.
Источен плански регион
Шумскиот пожар во близина на градот Македонска Каменица, во правец на с.Цера, од утрово е ставен под контрола. Пожарот зафати високостеблеста борова шума. Од утринските часови на терен интервенираат екипи на ТППЕ Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“ – Македонска Каменица, ШС „Голак“ – Делчево, Шумска Полиција – Македонска Каменица, ТППЕ Делчево, ТППЕ Виница, ТППЕ Кочани, ДЗС со 2 авиони, лица од месно население и ЈП „Брегалница“ – Делчево.
Југозападен плански регион
Во пожарот во атарот на с.Преглово – општина Пласница, каде гори густа нискостеблеста дабова шума и сува трева, во гасење на пожарот ангажирани се лица од ШС „Сандаски“ – Македонски Брод. Во моментот не постои опасност од загрозување на с.Преглово.