Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови започнат е шумски пожар на борова шума на место викано Сува Маала во општина Македонска Каменица. Во гаснењето на пожарот учествуваа: ТППЕ Македонска Каминица, ЈП -Камена Река; ЈП-МШ-Голак -Делчево; Шумска полиција; ТППЕ-Делчево; ТППЕ-Виница, ТППЕ-Кочани; со 2-прелети и лица од месното население. Поради сувиот и тешко прооден терен и потпомогнат од силниот ветер пожарот се движи према с.Цера, но нема загрозени живеалишта или други објекти. Утрово се продолжува со гаснењето.