Југозападен плански регион
Пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина, кој во текот на вчерашниот ден беше локализиран повторно е активен. Заради непристапност на теренот, истиот се надгледува од вработените на ШС Лопушник од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден пожарот помеѓу селата Карабуница и Староец, општина Кичево повторно се активира, а во вечерните часови е ставен под контрола.
Во претпладневните часови во текот на вчерашниот ден започнат е шумски пожар на место викано Краста, атар на с.Октиси, општина Струга. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипа на ТППЕ. Во текот на ноќта истиот е стишан(нема чад).
Во попладневните часови појавен е нов пожар во атарот на селата Девич и Грешница м.в. Попоец, општина Македонски Брод. Гори нискостеблеста шума од габер, смрека и даб. Во текот на ноќта екипите на ТППЕ М.Брод и ЈП Мак.Шуми М.Брод, пожарот го ставија под контрола. Исто така, во атарот на селата Растеш и Заград повторно е активирано едно жариште. Во моментов се упатени екипи од ЈП Македонски Шуми - Мак.Брод, заради контрола на пожарите во с.Грешница и с.Девич и на предходно опожарено место на атар на с.Брест.
Источен плански регион
Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови пријавен е пожар во атар на с.Пирава. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Валандово, ДЗС и вработени од ШС од Валандово и еден авион на ДЗС. Во текот на ноќта пожарот е локализран. Екипа од ШС од Валандово го контролира теренот.