Центарот за управување со кризи и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија- JICA, денес (10 август 2017 година) потпишаа заеднички документ кој претставува основа за импементација на Проектот за Градење на капацитети за намалување на ризици од катастрофи во областа на животната средина (ECO DRR) преку одржливо управување со шумите.

            Основната цел на овој проект е да се развие модел на Екосистемски-базирано намалување на ризиците од катастрофи (Eco-system based Disaster Risk Reduction - ECO-DRR) во Република Македонија против природни непогоди, преку употреба на повеќекорисничката функција на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна вредност.  Крајната цел на проектот е долгорочно да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари. 

Потпишувањето на главниот проектен документ овозможува во наредниот период од страна на JICA да се пристапи кон подетална анализа и верификација на предложените проектни активности, со цел нивно прифаќање и кон крајот на оваа година започнување со имплементација на проектот. Како основа за утврдување на потребата од ваква проектна интервенција, претставуваа анализите на зачестените ризици од катастрофи, кои во последните години предизвикаа загуби на човечки животи, оштетувања на материјални добра, инфраструктура, како и голем степен на деградација на животната средина (екологијата).   Покрај другото, причините за овие катастрофи се поврзани со недоволна искористенот на заштитните функции на екосистемот, пред се на шумите, кои во подолг период се изложени на загуби и штети, предизвикани од шумски пожари, неконтролирани активности на човекот, загаденоста на животната средина и слично.     

Во процесот на имплементација на проектините активности се предвидува широка меѓусекторска соработка и вклученост на повеќе субјекти, како што се: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Македонски шуми, Министерството за животна средина и просторно планирање, Високо-научни и образовни установи, Единици на локалната самоуправа, локлната заедница и други.

            Во рамките на овој проект ќе бидат спроведени конкретни мерки за зајакнување на екосистемот на повеќе локации во Р. Македонија, со крајна цел да се зголеми нивната отпорност на ризиците од катастрофи поврзани со поројни поплави, лизгање на земјиште, ерозија на почви и пожари на отворен простор. Проектот ќе овозможи присуство и можност за  соработка со експерти од Јапонија од наведените области, со што ќе се обезбедат основи за трансфер на знаења и искуства од земја која е лидер во светот во оваа област, каде преку системски мерки се намалува ранливоста и изложеноста на ризици од катастрофи.

Со денешното потпишување практично се обезбедува основа за продолжување на успешната соработката помеѓу Центарот за управување со кризи и  JICA, која започна во 2011 година преку имплементацијата на проектот за Воспоставување на интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари.  

Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) е јапонска владина агенција надлежна за имплементација на Официјалната развојна помош преку програмите на техничка соработка, поволни заеми и грантови. Покрај проектите од областа на намалувањето на ризици од катастрофи, досега, во Македонија, (JICA) има имплементирано проекти во областите од развојот на инфраструктурата, на животната средина, зајакнување на управувачките капацитети и развојот на приватниот сектор. 

Во продолжение интегрален текст од говорот на г-дин Хидеја Кобајаши, Главниот претставник на JICA за Балканот:

Почитувани дами и господа,

Од името на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA) ми претставува особена чест и задоволство да присуствувам на церемонијата на потпишување на Записникот од дискусии за Проектот за градење на капацитети базирани на екосистеми за намалување на ризици од катастрофи во областа на животната средина (Eco-DRR) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија.

Би сакал да дадам преглед на историјатот на проектот. Во периодот од 2011 до 2014 година JICA даде поддршка на Центарот за управување со кризи на Република Македонија во имплементацијата на Проектот за развој на интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари, со цел воспоставување Македонски информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) за потребите на заштита на шумскиот екосистем од заканите на честите шумски пожари. Проектот беше реализиран со голем успех. МКФФИС беше успешно воспоставен од страна на ЦУК. Ова претставуваше Фаза 1 од проектот.

По компетирањето на Фаза 1 JICA продолжи со поддршката на ЦУК во организацијата на Програмата за обуки на трети земји, во делот на информативни системи за шумски пожари за соседните земји, како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. JICA му оддаде признание на ЦУК за менторската улога во регионот, остварена преку користењето на средствата и алатките кои беа развиени во Фаза 1. Ова беше Фаза 2 од проектот и претставуваше идеална форма на техничка соработка на JICA.

Ми претставува особено задоволство да го најавам отпочнувањето на новиот проект во областа на заштита на животната средина, кој ја претставува Фаза 3. Во соработка со ЦУК, еден од најдоверливите и најдобри партнери, JICA му посакува добредојде и на новиот партнер, Јавното претпријатие Македонски шуми. Проектот ќе спроведе еко модел за намалување на ризици од катастрофи во областа на животната средина (Eco-DRR), модел наменет за намалување на ризици од поплави, лизгање на земјиште, ерозија на почва и шумски пожари, кој има за цел да се ублажат ризиците од катастрофи во земјата во долгорочна перспектива. Предвидениот период на реализација на проектот е во траење од пет години – од октомври 2017 година до октомври 2022 година.

Владата на Јапонија, JICA и луѓето во Јапонија и Македонија од овој проект очекуваат да бидат направени два конкретни чекори. Првиот чекор е ЦУК да го надгради МКФФИС за соодветен одговор на направени штети од поплави и други слични катастрофи, а другиот чекор е Јавното претпријатие Македонски шуми да ги подобри своите активности за пошумување, од перспектива на намалување на ризици од катастрофи во областа на животната средина (Eco-DRR) со цел подобрена функционалност на шумите, особено во делот на ублажување на штети направени од поплави и лизгање на земјиште.

Би сакал да ја изразам мојата искрена благодарност до сите вработени кои се вклучени во проектот, за нивното неуморно залагање при реализацијата на подготовките за креирање на проектните активности и финализирањето на Записникот од дискусии. Проектот е предвиден да се реализира во период од пет години, а потпишувањето на Записникот од дискусии претставува само почетна точка на Проектот. Од особено значење ќе биде обезбедувањето континуирана поддршка и соработка во спроведување на планираните проектни активности.

Ви благодарам за вниманието и ви посакувам успех во реализацијата на Проектот.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ladies and gentlemen,

On behalf of Japan International Cooperation Agency (JICA), I am pleased to be present at the signing ceremony of the Record of Discussion (R/D) for the Project on Capacity Building for Ecosystem Based Disaster Risk Reduction (Eco-DRR) through Sustainable Forest Management in Macedonia.

I would like to review the background of the project. From 2011 to 2014, JICA had been supported Crisis Management Center of Macedonia to implement the Project on Development of Integrated System for Prevention and Early Warning of Forest Fires for establishing Macedonian Forest Fire Information System (MKFFIS) to protect the forest ecosystem threatened by the frequent forest fires. The project came out with a great success. CMC successfully established the MKFFIS. It was Phase 1 of the project.

After completing the Phase 1, JICA continued to support CMC to organize Third Country Training Program on Forest Fire Information System for neighboring countries such as Albania, Bosnia and Herzegovina, Kosovo and Montenegro. JICA recognized that CMC became a mentor in the region by utilizing the asset which was produced in the Phase 1. It was Phase 2 of the project and was ideal form of JICA technical cooperation.

It’s my pleasure to commence new project in the field of environment protection. It will be the Phase 3. In cooperation with CMC, one of the most reliable and best partner and JICA also welcome the new partner, the Public Enterprise of Macedonian Forest, the project will carry out model of ecosystem-based disaster risk reduction (Eco-DRR) for flooding, landslides, soil erosion and forest fires, and aims to mitigate risk of disaster in the country from a long-term perspective. Expected project period is from October 2017 to October 2022 for five years.

The government of Japan, JICA and people in Japan and Macedonia expect this project to make two steps forward, one is that CMC will up-glade the MAKFFIS capable of responding to damage from floods and other such disasters, and another step is that the Public Enterprise of Macedonian Forest will improve its afforestation activities from the perspective of ECO-DRR for enhanced forest functionality, particularly for mitigating flood and landslide damage.

I would like to express my sincere appreciation to all personnel concerned for their tireless effort on preparation for designing the Project Activities and finalizing the Record of Discussions. The project is expected to last for five years and the signing the Record of Discussions is just a start point of the Project, it is appreciated if you could provide continuous effort and cooperation for carrying out the Project Activities as planned.

Thank you for your attention and wish you success of the Project.