На подрачјето на општина Македонски Брод активни се следните пожари:
Во атар на с.Брест м.в ФОЈНИК, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола. Постои можност во текот на денот поради високите температури да прошири од горната и долната страна на с.Брест.
Во атар на с.Могилец, каде гореше сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка, пожарот е под контрола.
Во атар на с.Калуѓерец, пожарот е активен и гори сува трева, смрека,дабова шума и лисна постилка. Пожарот се шири према атар на с.Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.
Во атар на с.Локвица м.в ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека и истиот е под контрола.
Во атар на с. Волче м.в ЌАФА по течението на река ВОЛЧИЦА и во подножјето на м.в ЧЕЛАДАР во правец на с.Волче гори дабова шума, сува трева, лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири кон м.в СУВА ГОРА и према населеното место Волче и во моментов е со намален интензитет.
Во моментов во овие места ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар за атар на с.Брес кои се лоцирани на атар на с.Требовље); ЈП Македонски Шуми Мак.Брод , ЈП Македонски Шуми од Кавадарци и ТППЕ – М.Брод (се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец); ЕЛС – М.Брод и лица од месно население за атар на с.Волче
Во моментов пожарите се под контрола но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување и активирање на дополнителни сили.
Повардарски плански регион
Пожарот во реонот на Горна Јакупица сеуште е активен. Пожарот северозпадно од Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб е активен.
Активен пожар има и на подрачјето на с.Галиште опш.Кавадарци кој е префрлен од опш.Прилеп од 3 локации (од с. Радобил, с. Ѓудаково и м.в. Србиново). На гасење на овој пожар интервенираа ЈП Македонски шуми „БОР“. Гори сува трева.
Северен (скопски) плански регион
Во моментот на територијата на Град Скопје има еден пожар на мешана шума кај село Грачани (близу граница со Косово) на тешко пристапен терен.
Пожарот кај Браната Матка кон планината Водно е изгаснат. (Општина Сарај).
Пелагонски плански регион
Пожарот во атарот на селата: Дрен – Смолани е активен и гори нискостеблеста дабова шума.
Тетовско-полошки плански регион
Пожарот во делот над село Туденце е активен и истиот се шири во правец на село Сириќино. Со пожарот е зафатена ниска шума и сува трева. Се очекува во денот да интервенираат од ЈП Македонски шуми Лешница – Тетово.
Од општина Брвеница и жители на село Гургурница известија дека пожарот кој беше во близина на селото е локализиран но дека е се уште активен на другата страна кон село Здуње од општина Македонски Брод и дека постои опасност истиот да се прошири и кон село Гургурница. Од општина Брвеница очекуваат во текот на денот да интервенираат и авионите на ДЗС .
Источен плански регион
РЦУК – Струмица, известува дека на планината Плачковица во близина на село Шипковица-полска болница сеуште е активен пожарот во кој има зафатено високостеблеста мешана шума од бор, даб и бука. На терен има 2 ПП возило со 10 пожарникари и 1 возило и 25 вработени од ПШС Плачковица-Радовиш. Екипите активно работат во санирање на состојбата.