По повод Одлуката на Владата на Република Македонија за прогласување на кризна состојба на подрачјето на општините Македонски Брод и општина Чашка, заради зголемена појава на пожари, денес (недела, 06.08.2017 година) во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи со која раководеше директорот ЦУК, м-г Агрон Буџаку.
На седницата на која присуствуваа преставници на АРМ, МВР, МЗ, МТВ ДЗС, ЈП Македонски шуми, ЈП за пасишта, ЗЕЛС, АР и ДИШЛ беа донесени следните одлуки: „Предлог акциски план за превенција и справување со пожарите на подрачјата на Македонски Брод и Чашка“ и „Предлог план за кординирано дејствување во кризните подрачја на општините Македонски Брод и Чашка“, кои во текот на денот ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија. Истовремено од присутните, согласно Оперативните процедури беше формирано работно тело и медиа центар.