На 05.08.2017 година, Владата на Република Македониа одржа седница посветена на состојбите за пожарите во Република Македонија. На седницата донесена е Одлука на влада со која е прогласена кризна состоојба во подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка, а која ќе трае 30 дена од моментот на донесување на одлуката.

Одлуката е донесена по анализата на сите добиени информации од релевантни фактори и институции кои што се вклучени во справување со пожарите: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонски Шуми, Министерството на земјоделство шумарство и водостопанство, односно Шумската полиција.

Предходно имаше седница на Управувачкиот комитет за управување со кризи, на која што врз основа на заклучоците кои што ги имаа од групата за проценка, се донесе предлог одлука до Владата на Република Макеоднија, да се прогласи кризна состојба во подрачјето на општина Македонски Брод и општина Чашка, бидејки во овие две подрачја веќе неколку дена има активни пожари.