Информација за пожарите во Р. Македонија и состојбa до 18:00 ч.
Северен (скопски) плански регион
Попладнето се појавил појавил пожар кај с.Осинчани, за што испратена е екипа од БППЗ на град Скопје да интервенира. Во овој реон приметен е и пожар кај с.Јаболце (опш.Сопиште). Примена е дојава и за пожар над с.Волково за што се известени ШС Караџица и БППЗ на град Скопје (опш.Ѓорче Петров). Исто така, примена е дојава за пожар над с.Бојане кон с.Копаница (опш.Сарај).
Пожар кај с.Орешани е активен. Попладнето ја поминал Орешанска река и оди кон неколку стаји кај с.Вражале. Зафатена е нискостеблеста шума – смрека. Исто така, има дојава дека пожарот на Матка повторно се активирал. Според информациите од теренот пожарот ја сменил насоката кон манастирот Шишевски. Екипа на ЈП „Паркови и Зеленило“ веќе работи на сртот бидејќи теренот е непристапен.
Пожарот кај Барово брзо се разгорува и прети да ја зафати боровата шума кон Водно. На лице е упатена екипа од ЈП Паркови и Зеленило.
За пожарот кај с. Моране, дејствуваат екипи на БППЗ. Покрај ова БППЗ надвор од градот имаат екипи на следните места: Долна Матка, с.Рашче, с.Елово (опш.Студеничани), с.Никиштани (опш.Ѓорче Петров).
Југозападен плански регион
Пожарот во атарот на с.Требовље и с.Растеш сеуште е активен и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш); 2 хеликоптери (интервенирале попладнето); лица од месно население од с.Растеш и с.Заграда и доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје;
Пожарот од атарот на с.Растеш се прошири на атарот на с.Волче. Исто така не се исклучува можноста пожарот да се прошири во атарот на населените места Битово и Заград.
Во врска со пожарот на атарот на с.Близанско, м.в.Брдо и м.в.Круша, повторно се активира и истиот се движи према м.в.ФОЈНИК.
На пожарот во с.Девич ангажирани се лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод и пожарот го контролираат и горните куќи од с.Девич не се загрозени, но пожарот е активен и со намален интензитет на м.в.ПОПЕЦ.
На пожарот во атарот на с.Могилец интервенираат ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и лица од ШС „Сандански“. Пожарот се шири према атарите на селата Клуќерец и Инче према м.в.ДАБ, како и према атарот на с.Модриште. Гори дабова и борова шума. Од 17:00 часот интервенираат и два авиони на ДЗС. Во с.Могилец опожарени се 2 напуштени дотраени куќи, 3 куќи во кои живеат луѓе од селото и 1 куќа е делумно оштетена. Интервенираат и ТППЕ Прилеп.
Пелагонски плански регион
Пожарот во атарот на с.Подвис сеуште е активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот и непристапноста на теренот отежнато е гаснењето. Пожарот се шири од пределот по ридот према с.Алданци. Во соработка со ЕЛС Крушево, во раните утрински часови ќе бидат испратени екипи од ТППЕ и ЕЛС Крушево за негово целосно ликвидирање.
Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, е активен и веќе се проширува на горниот дел на планината. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Екипата е сеуште на местото на настанот, а се работи за непристапен терен.
Тетовско-полошки плански регион
Во реонот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа:
Над с.Копанце каде гори површина обрасната со сува трева и ситна деградирана шума на Планината Жеден. Истиот по сртот на планината е проширен кон с.Туденце, а се движи и во правец на с.Бојане (опш.Сарај).
Во атарот на с.Гургурница (опш.Брвеница) активен е пожарот со кој гори сува трева и пасишта. Во гаснење на пожарот учествуваат лица од месното население.
Во општина Гостивар, активен е пожарот во атарот на с.Корито, каде нема можност да се интервенира.
Повардарски плански регион
Пожарот во атарот на с.Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со истиот зафатена е шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Во меѓувреме појавени се уште два пожара на блиска локација. На терен биле лица од ШС „Бабуна“ – Велес. Пожарот полека се движи кон планината Лисец.
Пожарот во атарот на с.Богомила кој се закануваше да го зафати манастирот св.Спас и селото Богомила е изгаснат со помош на авионите на ДЗС и екипи на ШС и ДЗС Велес. Другиот дел од пожарот е активен и се движи кон прилепска страна.
Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење.