Според информациите пристигнати до 16:00 часот, пожарот во атарот на с.Требовље сеуште е активен во м.в.ЛУТОЕЦ, покрај патот што води од с.Самоков (м.в.Дреноец) до с.Требовље. Патот се протега низ густа борова шума распространета од двете страни на патот. Во тој дел активно жариште има на м.в.Јасикоец, во непосредна близина на с.Растеш, каде што засега постои реална опасност од опожарување на 2 куќи. Доколку дојде до проширување на пожарот може да биде загрозено и населеното место с.Растеш во кое има околу 30 домаќинства.
Во непосредна близина на влезот во с.Требовље, на одалеченост од 500 – 600 метри има друго жариште на пожар од кое може да биде повторно загрозено с.Требовље. Исто така и од подножјето на м.в.ФОЈНИК, во непосредна близина на с.Требовље постои уште едно жариште од кое може да биде загрозено с.Требовље.
Поради големината на просторот, лошиот терен, видот на горивата материја (борова шума, високите темпетатури и присуство на ветар има потреба од дополнително ангажирање на сили и средства).
Во моментов ангажирани се следните сили и средства:
На пожарот во атар на с.Требовље ангажирани се околу 130 лица и тоа: месно население; ТППЕ Македонски Брод; 4 екипи на ТППЕ од регионот; 1 авион на ДЗС и 1 хеликоптер од АРМ кои во моментов дејствуваат; војници од гарнизон Кичево; ЈП Македонски Шуми Македонски Брод; ЈП Македонски Шуми Кавадарци; ЕЛС Македонски Брод; Една медицинска екипа од Здравствен дом Мак.Брод.
На пожарот на атарот на с.Близанско нема распоредено сили бидејќи проценка е дека селото не е загрозено меѓутоа на поедини места во правец на с.Близанско забележано е ширење на пожарот.
Пожарот во с.Слатина е локализиран.