ЦУК, 30.07.2017 - Според информациите пристигнати во Оперативниот центар на ЦУК до 19:00 часот , состојбата со пожарите во атарот на с. Требовле е следна:
Пожарот во атарот на село Требовле во попладневните часови се приближил до селото. Сите сили на овој терен се насочени со цел да се спречи ширењето на пожарот.
Во текот на денот во гасење на пожарот интервенираа екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ДЗС Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и 2 хеликоптери од АРМ.
Во моментот за гасење на пожарот се упатени дополнителни сили од Струга и Гостивар, а ќе се состане и Регионалниот штаб на Македонски Брод за да се преземат дополнителни мерки и активности.