Денес во Центарот за управување со кризи се одржа прв состанок на координативното тело за заштита на шумите од пожари во претстојниот период, согласно заклучокот на 2-та седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, која се одржа на 19.07.2017 година во просториите на Центарот за управување со кризи.


На состанокот присуствуваа претставници од Министерството за транспорт и врски, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Македонски шуми, Шумската полиција, ЈП за стопанисување со пасишта и ЗЕЛС.

Претставникот од ЦУК за координирање на ова оперативно тело, го водеше состанокот на кој се операцијонализираа точките од заклучоците на Управувачкиот комитет кои се онесуваат на евентуална појава на пожари на отворен простор, со цел навремено координирање на активностите во насока на преземање на соодветни активности за спречување на појава на пожари на територијата на Република Македонија.

На состанокот беа донесени заклучоци за понатамошни мерки и активности за справување со пожарите во претстојниот период.