На ден 11 и 12.07. 2017 година претставници од ПОРКОА РЦУК Струмица остварија работни состаноци со вработените од РЦУК-Гевгелија и РЦУК-Валандово. Овие средби и состаноци  беа реализирани се со цел подобрување и надградување на веќе воспоставената комуникација и координација како во оперативното   работење,  размена на искуства и надминување  на проблемите  со кои се соочуваме во   секојдневното  работење, работата во системот за објавување на  кризни настани - ФИНКИ, внесување на дневни настани во МКФФИС, ажурирањето на Е процената и  посета на ПТЦ Винојуг Гевгелија.