Од БППЗ на Град Скопје известуваат дека во текот на вчерашниот ден од 12:40 часот интервенираат за гаснење на запалена борова шума од околу 20.000 м2 во близина на границата со Косово, кај караулата Чашка во опш.Ѓорче Петров. Во гаснењето на пожарот интервенираа покрај БППЗ и екипи од ШС Караџица, ЈП Водовод и канализација и Kомунална хигиена како и 2 канадери на ДЗС. БППЗ продолжи со гасење и во текот на ноќта. Според последните информации пожарот е локализиран и е ставен под контрола.