Според Управата за хидрометеролошки работи Македонија од денеска до среда ќе биде зафатена од високи температури. Температурата на одредени места се очекува да го надмине 40-тиот степен.

 

На граѓаните им се порачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.