На 4.7.2017 година, директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река. На средбата се разговараше за улогата и функцијата на Центарот за управување со кризи, за мигрантската криза, како и за соработката со сродни институции од Република Албанија.