Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 3.7.2017 год., регистрира силен земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 10км  источно од Охрид.


    Земјотресот се случи во 13 часот и 18 минути и беше со Рихтерова магнитуда 5,0. Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската Макросеизмичка Скала.  Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји. Во РЦУК – Охрид, пријавени се известувања од граѓани за материјлни штети, урнати оџаци, распукани тавани и оштетени коли, а има и падната тераса.