Денес, 30.06.2017 година, директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку, оствари средба со министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска.
На средбата, директорот информираше за досегашните активности на ЦУК со посебен осврт на мигрантската криза и соработката со Министерството за труд и социјална политика. Исто така, беше договорена понатамошната комуникација и координација, како и идните активности кои се во интерес на успешно справување со кризната состојба.