На ден  18.04.2017 година во  Хотел Сириус - Струмица во организација на Центарот за развој на Југоисточниот Плански регион  се одржа прв   работен состанок   за размена на искуства на локално ниво во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана  отпорност во Југоисточна Европа“.

   

     Овој проект е заеднички со проектот на Европската Унија и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ЕCHО) во земјите од Југоисточна Европа. Целта на овој состанок беше да се претстави  проектот и искуствата на Хрватска во намалувањето на ризикотод природни катастрофи преку Платформата на хрватските жупании  и градови.

 На состанокот освен хрватските експерти присуствуваа  претсавници од,  Државните Агенции од системот за управување со намалување  на ризици од катастрофи ЦУК и  ДЗС на локално и регионално ниво, претставници од локалните  самоуправи од регионот, претсавник од Црвен крст Струмица,  претставници од УНДП и Југоисточен Плански регион  како и останати заинтересирани страни и тела кои работат на проблематиката за намалување на ризикотод катастрофи.