На 12 април 2017 година, во Центарот за управување со кризи,  Главниот штаб ја одржа шеесет и првата седница посветена на актуелната бегалска криза во Република Македонија. На состанокот, освен членовите на Главниот штаб присуствуваа раководителот на РЦУК – Куманово, Горан Стојановски, претставникот на Град Скопје од Секторот за заштита на животната средина, Никола Јовановски, претставникот и поранешен управител во АД ОХИС, Сандра Киселичка како и претставничките на МЖСПП, Линдита Дика и Сузана Андонова. Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, ја отвори и водеше седницата.

      

По усвојувaњето на записникот од минатата седница ги презентираше планираните точки на дневниот ред и беа разгледани  досегашните активности на институциите, што се дел од Системот за управување со кризи, како и предлог мерките што треба да се преземат во наредниот период.

      На состанокот се донесоа следните заклучоци:

1.       Заради проблемите со недоволната координација на субјектите во Кумановскиот регион, институциите во Системот за управување со кризи како и невладините, хуманитарните и меѓународните организации своите активности на терен да ги координираат со Главните координатори на подрачјето во РМ каде е прогласена кризна состојба.

2.      Институциите во Системот за управување со кризи во соработка со Главните координатори да изработат преглед на материјално техничките средства кои се обезбедени од страна на меѓународните, невладините и хуманитарните организации по пат на донација.

3.      НВО Легис да достави дополнителни податоци за заинтересираните лица за изучување странски јазици во ТЦ, како и податоци за усогласеноста на програмата со Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.  

4.      Главниот координатор во Гевгелискиот регион да превземе мерки за обезбедување на поддршка од меѓународните, невладините и хуманитарните организации за поправка на металната врата на самиот граничен премин на железничката пруга.