Денес, 12 мај 2017 година, директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку прими делегација составена од студенти од Институтот за служби за итни состојби и домашна безбедност при Универзитетот на Јута, САД, предводени од професор д-р Џон Р. Фишер и експерти за оваа област од предметните служби на државата Јута.
Мисијата на овој институт е поддршка на службите за брз одговор и за домашна безбедност во образование, обуки и истражувачка дејност. Главна целна област на овој институт се службите за брз одговор, особено во превенцијата, подготвеноста и митигацијата.
Од страна на Центарот за управување со кризи беше претставен Системот за управување со кризи од стратегиски концепт до оперативната функционалност. Преку примерот со мигрантската криза беше претставена интероперативноста на субјектите кои го сочинуваат системот, начинот на донесување одлуки и напорите на Република Македонија во обезбедувањето хуман третман на мигрантите но и севкупна безбедност на земјата.