На 18.05.2017 година (четврток) се одржа редовен работен координативен состанок на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп со претставници од субјектите на системот за управување со кризи надлежни  за превземање мерки и активности  за превенција и рано предупредување  во случај на кризна состојба.

На состанокот беше предложен следниот дневен ред:

- Анализа на настанати ризици и опасности во изминатиот пе и причинетите штети од истите.

- Разгледување – проценување на евентуални ризици и опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а кои  можат да ги  загрозат добрата, здравјето и животот на   луѓето и животните,  предизвикани од елементарни и други непогоди со посебен акцент на: високите температури и топлотните бранови во наредниот период, пожарите на отворен простор, поројни дождови проследени со град, водоснабдувањето, електроснабдувањето, состојби во здравство, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните, техничко - технолошки катастрофи како и деградација од поголем обем и уништување на животната средина и Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирање во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности.

Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на  РШ, Илко Петкоски, а по сите точки од дневниот ред имаше дискусии од присутните членови на штабот и преставници од субјектите на СУК.

По првата точка од дневниот ред, констатирано е дека во текот на оваа година како најголема опасност во зона на одговорност на РЦУК Прилеп беше ладниот бран проследен со многу ниски теператури и мраз од кој е предизвикана штета во повеќе области.

Исто така, беше констатирано дека се оштетени  водомери, а во населените места замрзната и оштетена е поголема должина на водоводната мрежа.

Според излагањето на инспекторот за шумарство и водостопанство мразот предизвика позитивна работа со тоа што го уништи боровиот штетник.

По втората и третата точка од дневниот ред се водеше дискусија за сите можни ризици и опасности и припременоста на надлежните субјекти и начинот на нивно дејствување во дадени ситуации.