Зајакнување на капацитетот на СУК на регионално ниво - 14. 2. 2012
На ден 02.12.2008 година во хотелот Континентал во Скопје во координација со УНДП се организираше работилница на тема: Зајакнување на капацитетот на системот за управување со кризи на регионално ниво. На истата учествуваа претставници од регионалните ЦУК и преставници од ЦУК, кои поделени во 4 работни групи ги обработуваа однапред определените теми.
Воведен збор при отварањето на работилницата зеде Директорот на ЦУК д-р Панде Лазаревски кои ја образложи визијата на стратешкиот план за развојот на Системот за управување со кризи во Р.Македонија, превземените и планираните активности за реализација на истиот. Целта на воведниот збор беше да сите учесници на работилницата се запознаат со задачите и активностите кои му претстојат на ЦУК за да можат во текот на работилницата активностите ги спроведат во рамките на претстојните цели. Во една од работните групи на работилницата се разработуваше темата: Воспоставување на единствена евиденција на кадрите и реализираните обуки на учесниците во системот за управување со кризи. Правната заснованост на оваа активност произлегува од Законот за управување со кризи чл.9 и чл.10 каде децидно се определени задолженијата на Центарот за УК да организира и подготвува обуки, вежби и други едукативни активности за учесниците во системот за УК. Учесниците во СУК во своите акти за организација и систематизација да го определат учеството во обука, вежбовни и други активност за справување со кризна состојба. Врз основа на законската поставеност во постапка е донесување на Уредба која треба да ги пропише организирањето, планирањето и спроведувањето на обуките, вежбите, како и постапките кои задолжително се спроведуваат во СУК. По завршувањата на воведните излагања на лидерите на групата, се отпочна со тимската работа на групата со цел да се изврши усогласување во доменот на планирањето за воспоставување на единствена евиденција на кадрите и реализираните обуки на учесниците во Системот за управување со кризи на регионално ниво. При тоа се определуваа насоките според ИСО 22399 кои треба да обезбедат: Планирање во СУК Спроведување и реализација на мерки неопходни за справување со настанатата криза Следење и оценка на организацијската и оперативната способност на СУК. Определување критериуми за дефинирање на субјектите кои би биле посетени заради определување на фактичката состојба и утврдување на нивните потреби за функционално извршување на задачите во системот за УК. Индентификација на барањата кои ќе бидат упатувани до посетенета институција со утврдување на рокови и начин на евидентирањето на доспеаните одговори. Овие податоци би претставувале база на податоци за расположивите човечки ресурси оспособени за кризниот менаџмент и евиденција за степенот на обученоста на кадарот. Со целокупна реализирање на овие активности во сите Министерствата и другите органи на државната управа, органите на државната власт и на градот Скопје, јавните установи и служби, како и трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба ќе се воспостави обучен кадар кој ќе може да одговори на потребите за воспоставување на ефикасен систем за превенција рано предупредување и справување со кризи. Со завршувањето на работилницата која се одржуваше според однапред определената програма, се донесе заклучок да научените лекции од истата се применат на локалното односно регионално ниво при што се договорени и рокови за извршување на задачите. Во другата работна група на работилницата се разработуваше темата: Системот за управување со кризи и неговото финансирање како јавна функција на Државата. Воведен збор во групата зеде м-р Стевко Стефановски, раководител на САСП кој накратко ги запозна присатните со начелата на системот на финансирање на јавните функции и буџетот како инструмент за финансирање на јавните функции во државата. Темата за Јавните набавки, нивното планирање и утврдување на техничките карактеристики на средствата ја образложи Верица Бојковска – Миленковиќ советник во одделението за финансии во СПОР. По завршувањата на воведните излагања на лидерите на групата, се отпочна со тимската работа на групата со цел да се изврши усогласување во доменот на планирањето на финансиите и набавките за потребите на Системот за управување со кризи на регионално ниво и при тоа се определуваа насоките: Да се изврши индентификација на финансиските можности и потребите за набавки за Системот за УК на регионално ниво. Да се изврши индентификација на потребите од набавка на ресурси за потребите на системот за управување со кризи. Определување критериуми за дефинирање на субјектите кои би биле посетени заради определување на фактичката состојба и утврдување на нивните потреби за функционално извршување на задачите во системот за УК. Индентификација на барањата кои ќе бидат упатувани до посетенета институција со утврдување на рокови и начин на евидентирањето на доспеаните одговори. Со целокупна реализирање на овие активности во сите Министерствата и другите органи на државната управа, органите на државната власт и на градот Скопје, ќе се изврши увид и остварување на евиденција на потребните и расположивите ресурси на системот за управување со кризи заради воспоставување на ефикасен систем за превенција рано предупредување и справување со кризи. Со завршувањето на работилницата која се одржуваше според однапред определената програма, се донесе заклучок да научените лекции од истата се применат на локалното односно регионално ниво при што се договорени и рокови за извршување на задачите. Идните активности на работната група на информатичко – комуникациско поврзување во СУК на регионално ниво е да изготви листа на институции кои ќе бидат посетени (локална самоуправа, подрачни единици на Министерствата, јавни претпријатија и установи и трговски друштва); план на реализација со извршителите, временска рамка на реализација и финансиска конструкција; сублимирање на податоците од РЦУК и изготвување на план за посета на институциите; изработка на предлог формулар со листа на прашања; реализација на посетите; сублимирање на податоците; состанок со целата работна група и анализа на добиените податоци; планирање на ИТ и ТК поврзување согласно на добиените податоци. Со целовкупното реализирање на овие активности во сите Министерства и други органи на државната управа, органите на државната власт и на градот Скопје, јавните установи и служби, како и трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба односно со еден збор сите учесници во системот за управување со кризи во согласност со законите и другите прописи ќе обезбедат континуирана и меѓусебна комуникација а сето тоа заради превземање на мерки и активности за превенција и рано предупредување во случај на кризни состојби. Одделението за односи со јавност и протокол од ЦУК изврши презентација на работната група за проектите кои истовремено се работат, кои имаат значење за развивањето на медиумската стратегија на Центарот за управување со кризи, а со цел доближување на целокупниот систем за кризен менаџмент до јавноста. Од оваа работна група произлегоа следниве заклучоци: Организирање на телевизиски трибини во Македонската радиотелевизија, каде што во текот на 2009 година треба да бидат реализирани 45 трибини кои треба да да обработуваат теми од широк спектар на активности, кои се во делокругот на работењето на Центарот за управување со кризи. Исто така беше презентирана новата веб страна која треба да понуди широк спектар на информации за работењето на Центарот. Издавање на годишник на Центарот за 2008година кој ќе преставува збирка на стручни написи на компететни лица од Центарот. Како и издавање на месечно списание на Центарот за управување со кризи кое ќе биде во големина од 40 до 60 страници и кое ќе опфаќа интервјуа со стручни лица и експерти, искуства од западни земји, како и соработката на ЦУК на домашно и меѓународно ниво. Исто така како заклучок на работната група се одреди да Регионалните ЦУК определат тимови во наредниот период кој ќе ги посетува целните групи поради организирање на едукативни кампањи низ активности како што се трибини, работилници и тоа во: основни и средни училишта, високообразовни, старски домови трговски центри, кина, театри спортски и концертни сали се со цел да се изгради јавната доверба во Системот за управување со кризи, како и свеста за активно учество на капицитетите на населението во подготвеноста за кризи и нивно делување во истата.