Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 19.12.2018 година, планирани се крводарителни акции со граѓаните на Валандово, со вработените во Конфекција Бреботекс – Богданци, со учениците во СОУ Дрита – Кичево, со вработените во ПСУ Јахја Кемал – Струмица и со граѓаните и вработените во ПС Неготино.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 18.12.2018 година планирани се крводарителни акции во СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје, во СОУ „Блаже Конески“ – Велес, во СОУ „Љупчо Сантов“ – Kочани и во Заводот за нефрологија – Струга.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека за денес планирани  се крводарителни акции со вработените во АД УСЈЕ Цементарница – Скопје и со вработените во Државна видео лотарија на Македонија – Скопје.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 13.12.2018 година планирани се крводарителни акции во СОУ „Славчо Стојменски“ (традиционална акција Јани Димитриев) – Штип, СОУ „Јосиф Јосифовски Свештарот“ – Гевгелија, СУГС „Цветан Димов“ и со вработените во ЕЛС Кисела Вода – Скопје.