Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 03.12.2018 година планирани се крводарителни акции во Полициските станици Кисела Вода и Сообраќајна – Скопје и со Здружение на граѓани „ПОРАКА“ – Битола.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека  на ден 01.12.2018 година планирана е крводарителна акција во Американско катче – Битола.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 29.11.2018 год. (четврток) се планирани крводарителни акции во СОУ „Јане Сандански“ – Штип; со граѓаните Кочани; со вработените во УЈП во Скопје; Велес; Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Куманово, Струга и Кочани; со учениците во СОУ „Св. Наум Охридски“ – Охрид;  и со вработените во Фирмта „Свис Лион Агроплод“ – Ресен.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на  ден 28.11.2018 година ( среда )  планирани се неколку крводарителни акции и тоа:со учениците од СОУ Кирил и Методи – Неготино, со студентите од студентскиот дом Стив Наумов – Скопје, со граѓаните од Виница во ЦК и со студентите во Тетово, факултети на УЈИЕ.