Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 11.12.2018 година се планирани  крводарителни акции со вработените во Фени Индустри - Кавадарци, ЈКП Комуналец -  Кочани, граѓаните на Берово, во Градежен и Архитектонски Факултет – Скопје и во Исламска Верска Заедница  - Струга.

Покрај редовното крводарување во просториите на „Институтот за трансфузиона медицина“,  крв може да се дарува и во Дневниот центар за крводарување  во  Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје секој работен ден (од понеделник до петок) во време од 08:00 до 17:00 часот, а во сабота во време од 09:00 до 14:00 часот.