Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 21.10.2018 година планирана е крводарителна акција во с.Карбинци, Штип Здржение на граѓани. Инаку, покрај редовното крводарување во просториите на „Институтот за трансфузиона медицина“,  крв може да се дарува и во Дневниот центар за крводарување  во  Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје секој работен ден (од понеделник до петок) во време од 08:00 до 17:00 часот, а во сабота во време од 09:00 до 14:00 часот.

Од „Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија“ известуваат дека на ден 20.10.2018 год. (сабота) се планирани  крводарителни акции во Традиционална 8-ма Моторџиска акција во домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје и ОУ Кочо Рацин – Куманово (со вработените и родителите).

Од „Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија“ известуваат дека на ден 19.10.2018 година ( петок ) планирани се неколку крводарителни акции и тоа: со вработените во Катастар-Центар, Скопје; со учениците во Демир Хисар, СОУ Крсте Петков- Мисирков, со учениците од во СОУ Гоце Делчев во Валандово.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат  дека на ден 18.10.2018 година планирани се крводарителни акции со вработените во УХМР – Скопје, Полициска станица Куманово, и Во фондацијата казино Аполонија – Гевгелија, како и во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.