Од „Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија“ известуваат дека на ден 26.10.2018 год. (петок) се планирани крводарителни акции со вработените во ЈСП Скопје (Автокоманда); ЈП Стрежево (Битола) и Алијанс Уан Тутунски работници  (Кавадарци).

Од „Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија“ известуваат дека на ден 25.10.2018 год. (четврток)   се планирани  следните крводарителни акции: со вработените во рафинерија АД Окта –Скопје, со учениците во СОУ Р. Р. Ричко – Прилеп, со учениците СОУ Моша Пијаде – Тетово, со вработените во Завод Кочо Рацин – Битола и со вработените во ЈСП Ѓорче Петров – Скопје.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија се наведува дека на ден 24.10.2018 година планирани се крводарителни акции во СОУ „Наум Наумовски Борче“ – Пробиштип, на Факултетот за бизнис, туризам и логистика – Скопје, во СУТУ Гостивар и со вработените во Полициските станици во Струмица и Струга.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 22.10.2018 година планирана е крводарителна акција во ЦК Радовиш и во ПЗУ Гинекомедикус – Скопје.