Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонијана известуваат дека ден 23.04.2019 година планирани се крводарителни акции во СУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, СОУ „Крсте Мисирков“ Скопје, и Факултет за безбедност – Скопје.

Од Црвен Крст-Тетово и Службата за трансфузиологија при Клиничката Болница-Тетово известуваат дека на ден 24.04.2019 година во период од 09:00 до 13:00 часот организираат крводарителска акција во Просториите на Средното Економско Училиште 8ми Септември-Тетово.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 22.04.2019 год. (понеделник) се планирани следните крводарителни акции со учениците во СОУ Љупчо Сантов – Кочани и со учениците во СОУ Коле Неделковски – Велес.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 19.04.2019 година планирани се крводарителни акции со учениците во СОУ „Д-р Јован Калаузи“ - Битола, СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, СУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје и во СОУ „Гоце Деклев“ Валандово.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонијана известуваат дека ден 18.04.2019 год. (четврток)   се планирани  следните крводарителни акции: со учениците во СОУ Кирил и Методиј – Неготино, со учениците од СУГС Ѓорѓи Димитров – Скопје, со учениците од СОУ Нико Нестор/Ибраим Темо – Струга и со учениците во СОУ Дрита – Кичево.