Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на 17.05.2019 година се планирани крводарителни акции во рудник Бучим – Радовиш, граѓаните на Зелениково, Правен факултет и факултет за нутриционизам – Битола и во кугланата во ГТЦ – Скопје.

 

Oд Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на 16.05.2019 год. (четврток) планирани се неколку крводарителни акции и тоa со вработените и студентите на факултетот ФИНКИ – Скопје; со граѓанството во Чашка – Велес во ОУ Тодор Јанев и со студентите и вработените на градежен и архитектонски факултет Скопје.

Oд Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 15.05.2019 година планирани се крводарителни акции со вработените во КОУЗОН и Зграда на Сојуз на возачи – Скопје и со жителите на Пробиштип.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на 14.05.2019 година планирани се крводарителни акции со вработените во Агенцијата за електронски комуникации – Скопје, на Техничкиот факултет во Битола и во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип